Пад од пет места на ФИФА ранг листата

Фото: ФФМ

Скопските порази од Полска (0:1) и Австрија (1:4) се причина за падот на нашите најдобри фудбалери на ФИФА ранг листата.

Моментно се наоѓаме на делба на 73. позиција заедно со Кина и освоени 1333 поени, зад Јужна Африка (1335), а пред Панама (1322).

Слободен печат/Арбнора Мемети

Следните натпревари на нашата најдобра селекција ќе бидат во септември исто така во рамките од квалификациите за ЕП 2020 на гостувањата кај Израел и Летонија.

На врвот останува Белгија со 1746 поени, пред Франција (1718), а трет е Бразил со 1681.

Англија е четвртопласирана, а во Топ 10 се уште репрезентациите на Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот