Пад на увозот за 6,6 проценти, на извозот за 9,9 проценти: Романија со трговски дефицит од 18,38 милијарди евра во 2020 година

Надворешно трговскиот дефицит на Романија во 2020 година се искачи на 18,38 милијарди евра, што е за 1,08 милијарди повеќе во однос на претходната година. Според податоците на Националниот институт за статистика (ИНС) објавени денеска, увозот паднал за 6,6 проценти, а извозот за 9,9 проценти. .

Ланскиот романски извоз изнесуваше 62,17 милијарди евра, а увозот 80,56 милијарди евра, пренесува агенцијата „Агерпрес“.

Стоки во вредност од 45,79 милијарди евра се извезени на пазарите во земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), додека се увезени во вредност од 59,24 милијарди евра, што претставува 73,6 проценти од вкупниот извоз на Романија или 73,5 проценти од вкупниот увоз.

Извозот во земји надвор од ЕУ изнесувал 16,38 милијарди евра, а вредноста на увозот од тие пазари достигнал 21,31 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот