Пад на температурата и засилен ветер

Временска прогноза, пролет / Фото: А. Пауновска, Слободен печат

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на следната работна седмица, од УХМР прогнозираат дека утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот