Пад на просечните нето и бруто плати во јануари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, изнесува 24.517 денари, додека бруто-платата за истиот период изнесува 36.386 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 102.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (9.6 %), Рударство и вадење на камен (8.3 %) и Образование (5.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (21.4 %), Информации и комуникации (19.8 %) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (14.3 %).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 103.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %), Рударство и вадење на камен (9.3 %) и Информации и комуникации (6.8 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.4 %), Информации и комуникации (16.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.2 %).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот