Пад на одобренијата за градба во јуни

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2019 година се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.269.468 илјади денари, што е за 23.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 128 (63.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (12.9 %) за објекти од нискоградба и 48 (23.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 202 објекти, на 124 (61.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (38.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 516 станови, со вкупна корисна површина од 34.471 м2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот