Пад на индустриското производство во август

Фото Архива на СП

Индустриското производство во август годинава бележи намалување во споредба со јули за 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо е намалувањето во рударскиот сектор – 18,4 отсто. Минимални позитивни резултати има во секторите снабдување со електрична енергија, преработувачка индустрија, производство на тутун, текстил машини и уреди.

Во најновиот извештај на ДЗС се наведува дека според главните индустриски групи, производството во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 34.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 96.

„Секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.6 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на мебел и Поправка и инсталирање на машини и опрема.“ се наведува во извештајот на ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот