Пад на цените на нафтата поради пандемијата и зголеменото производство во Либија
Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 36,64 евра (41 долар) за барел. Падот на цените на нафтата доведе до намалување на побарувачката во САД и Европа поради пандемијата на коронавирусот и наглото зголемување на производството на овој извор на енергија во Либија.
Во споредба со претходното затворање, цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 67 евроценти (80 американски центи) и изнесуваше 34,62 евра (40,97 американски долари). Цената на нафтата на американскиот пазар е намалена за истата сума, каде барел нафта се продава по цена од 32,98 евра (39,03 американски долари).
Намалувањето на цената на нафтата се должи на намалувањето на побарувачката за овој извор на енергија во САД и Европа, како резултат на пандемијата на вирусот.
САД во петокот и саботата пријавија досега најголем број новозаразени, а Франција вчера потврди повеќе од 50.000 заразени луѓе. Италија и Шпанија воведоа нови ограничувања со цел да го запрат натамошниот раст на бројот на нови пациенти.
Експертите предупредуваат дека се поголемиот број случаи на Ковид-19 претставуваат опасност од воведување нови мерки за ограничување на движењето, што ја намалува можноста за долгоочекувано зголемување на побарувачката за нафта.
На падот на цената на нафтата влијае и зголемувањето на производството на овој извор на енергија во Либија. Либиската Национална нафтена корпорација (НОК) минатиот петок соопшти дека производството на нафта ќе достигне еден милион барели на ден во следните неколку недели.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, се очекува да го зголемат производството на нафта во јануари. Тие ќе го зголемат дневното производство на нафта за два милиони барели, што ќе го ублажи рекордниот пад на испораките што беше забележан претходно оваа година.
Извор:МИА