Пад на цените на индустриските производи на месечно ниво

Според објавените податоци продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво.

Производителите на индустриски производи во март ги намалиле цените на своите производи за 1,4 отсто, но нагодишно ниво се забележува раст на истите за 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во март годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за еден отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто.

Во последниот месец од првиот квартал годинава, во споредба со истиот месец претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 12 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,8 отсто.

Според објавените податоци продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,7 отсто.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 18,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,4 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот