Пад на цената на нафтата

Архива на СП

Цената на нафтата денеска забележа пад по медиумските наводи дека ОПЕК плус мора да го реши проблемот со вишокот дневна понуда од преку два милиона барели и по веста дека во САД неочекувано е зголемен бројот на барања за државна помош поради невработеноста, што навестува бавно заздравување на економијата.

Цената на северноморската нафта Брент се намали за 1,24 долари или за 2,7 отсто и барел нафта се тргуваше за 44,13 долари, додека цената на американската ВТИ нафта забележа пад од 1,31 долари или за 3,0 проценти и се тргуваше за 41,62 долари за барел.

Аналитичарите наведуваат дека зголемувањето на вредноста на американскиот долар, што ја прави нафтата поскапа за купувачите кои поседуваат други валути, исто така изврши притисок врз цената на „црното злато”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот