Пад на цените на нафтата и житото

Илустративна фотографија

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 110 долари за барел, што е намалување од 3 отсто во однос на вчера. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 106 долари. Претходните две недели цените на нафтата беа поблиску до рекордно ниво, кога цената на барелот беше 121 долар.

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Биткоинот утрово вреди 20.489 долари, што е речиси 2% во споредба со вчера.

Цените на житата од утрово се во минус. Цената на пченицата е 987 долари за тон, што е намалување за околу 5 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 760 долари, што е исто така пад за повеќе од 3% во однос на вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот