Пад на бројот на заразени во Албанија

Рама: Ако продолжиме вака Алабанија ќе излезе како победник многу побрзо од другите земји.

Изминатите неколку денови опаѓа бројот на новозаразени од Ковид-19 во Албанија. Во последното деноноќие во земјата регистрани се девет новозаразени,со што вкупната бројка сега изнесува 409 лица.

Ровена Даја од Институтот за јавно здравје информираше дека во моментов во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” се наоѓаат 58 пациенти, од кои10 се на интензивна терапија а четворица се интубирани.

Даја апелираше до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките,посебно одржувањесоцијална дистанца, избегнување групни собирања и како и домашни посети.

Како што вчера изјави премиерот Еди Рама намалувањето на бројот на заразени последните денови доаѓа благодарение на засилените мерки и отпорот на граѓаните. Ова е индикација дека се прави вистинската работа и ако продолжи вака, според Рама, Алабанија ќе излезе победник многу побрзо од другите земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот