Пад на бројот на хоспитализации во Велес: Испишани осум оздравени пациенти, во болнички кревет – 17

Болницата во Велес / Фото: Архива на „Слободен печат“

Вкупно 17 лица се хоспитализирани во Општата болница во Велес од кои 15 се потврдени како позитивни на ковид-19, двајца се водат како суспектни додека на кислородна поддршка се седум пациенти, информира портпаролот на велешката болница, Елеонора Јованова.

Од болницата во Велес денеска се испишани осум оздравени пациенти.

На инфективното одделение, чиј капацитет е 54 кревети, има 15 пациенти, а двајца се сместени на интерно Б крак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот