Пад на берзанските индекси на Волстрит

И на повеќето европски берзи вчера паднаа индексите.

На Волстрит берзанските индекси во вторникот паднаа зошто незапирливото ширење на коронавирусот во САД лошо влијае на довербата на потрошувачите и зошто инвеститорите се разочарини од кварталните деловни резултати на неколку компании.

Доу Џонс ослабна за 205 поени или 0,77 отсто, на 26.379 поени, додека С&П 500 се лизна за 0,65 отсто, на 3.218 поени, а Насдак индексот за 1,27 проценти, на 10.402 поени.

Падот на индексите е последица, меѓудругото и на послабите од очекуваните, квартални деловни резултати на неколку компании. Поради тоа, на пример, цената на акциите на 3М потона за речиси 5, а на Мекдоналдс за 2,5 отсто.

Инвеститорите се разочарани и од податоците за слабеењето на довербата на потрошувачите во јули, како резултат на ширењето на коронавирусот во САД, што не забавува.

Вчера на Флорида се забележани рекорден број смртни случаи, додека бројот на заразените во Тексас надмина 400 илјади, што предизвика стравување дека САД не може да виспостави контрола над епидемијата,

И на повеќето европски берзи вчера паднаа индексите. Само лондонскиот ФТСЕ зајакна за 0,40 отсто, на 6.129 поени, но франфуртскиот ДАКС падна за 0,03 отсто, на 12.835 поени, а парискиот САС 0,22 отсто на 4.928 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот