Пад на БДП на Франција за 2,6 процентни поени заради ограничено движење на граѓаните

Кафуле/ Фото: ЕПА

Минатата недела, ИНСЕЕ процени дека економијата моментно со две третини од нејзините капацитети и дека ограничувањето кое трае еден месец ќе резултира со 3 поени помалку од БДП во текот на една година.

Еден месец на ограничено движење ќе го намали БДП на Франција за 2,6 процентни поени, проценува ОФЦЕ (Француската опсерваторија за економската коњуктура). Мерката пресметана од организацијата ќе биде „приближно” удвоена, доколку ограничувањето се прошири. Сепак, одредени фактори може да ги зголемат конечните последици, јави дописникот на МИА.

Оваа проценка доаѓа само неколку дена по таа на ИНСЕЕ (Институт за статистички и економски студии) за ефектите од ограниченото движење врз дејностите. За OФЦE, еден месец ма мерки на ограничувања треба да го намали францускиот бруто-домашен производ (БДП) за 2,6 поени во текот на една година.

-Тоа е сосема неверојатна ситуација и не може да се споредува со шоковите кои досега сме ги знаеле, во 2008 или во 1929 година, процени Ксавиер Рагот, претседател на француската опсерваторија за економски коњуктура.

Доколку мерките би се продолжиле, ОФЦЕ проценува дека загубата на БДП ќе биде „приближно” двојно, но предупредува дека одредени фактори би можеле „да го влошат” влијанието врз дејностите, особено „засилување на прекинот во синџирите на вредности или ризикот од корпоративни банкротства.

Според опсерваторијата, првиот фактор во намалувањето на францускиот БДП е промената на „однесувањето на потрошувачката” поради ограничувањата. Тоа би предизвикало пад од 1 точка на БДП, потрошувачката претставува 70 отсто од националниот БДП. Падот на инвестициите би тежел до 0,7 поен, додека нарушувањата во работните услови (телекомуникации, потешкотии со пристап до работни места и сл.) би предизвикале загуба од 0,4 точка на БДП. Само затворањето на училиштата би тежело 0,3 точка од БДП, спречувајќи 1,2 милиони работници да работат. Конечно, другите ефекти, како слабеењето на трговскиот биланс, особено оние поврзани со туризмот, ќе предизвикаат загуба од 0,2 точка на БДП.

Опсеравотријата смета дека е итно потребно борба против корпоративните банкротства. Таа забележува дека последиците се многу хетерогени во зависност од секторот на активност, што „ги оправдува насочените мерки за буџетска и фискална поддршка”.

Меѓутоа, судиите од ОФЦЕ велат дека откако ќе се укине ограничувањето, француската економија би можела да доживее „потенцијално значителен поврат (…) поради заштедите што ги остварија домаќинствата и дозволена„ отпорност на производното ткиво ” ова со јавна поддршка.

-Постои одредена итност да се има доктрина за државна интервенција (…) за да се избегнат банкротите и за продолжување на дејноста на крајот на ограничувањето за да се има свет каде што продуктивните ткива се сочувани “, инсистираше Ксавиер Рагот.

Минатата недела, ИНСЕЕ процени дека економијата моментно со две третини од нејзините капацитети и дека ограничувањето кое трае еден месец ќе резултира со 3 поени помалку од БДП во текот на една година. Проценката на OФЦЕ е малку пониска, но ИНСЕЕ не ја коментираше репризата на активностите, откако ќе заврши епидемијата. Понатаму, OФЦЕ додава дека употребата на парцијалното работење би можело да се однесува на „околу 5,7 милиони работни места (околу 21 отсто од вработените), со директна цена за јавните финансии од 2,9 милијарди „евра неделно или 12,7 милијарди евра месечно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот