Пад на акциите на азиските берси на најниско ниво за шест месеци

Илустративна фотографија

Ваквиот след на настаните доаѓа по соопштението на кинеското министерство за надворешни работи дека како мерка на одмазда, издало налог да се затвори кинзулатот на САД во Ченгду.

Азиските акции денеска се „лизнаа“ на најниско ниво во последните шест месеци бидејќи кинеско – руските тензии го нагризаа оптимизмот кој владееше на пазарите оваа недела.

Ваквиот след на настаните доаѓа по соопштението на кинеското министерство за надворешни работи дека како мерка на одмазда, издало налог да се затвори кинзулатот на САД во Ченгду.

Тоа пак резултираше со пад на кинескиот индекс на најликвидни акции за 2,9 отсто, но сепак на неделно ниво се уште бележи добивка од 0,5 отсто.

Најширокиот индекс кој ги опфаќа азиско – пацифичките акции „MSCI“ без јапонските, потона за 1,3 отсто, намалувајќи ја својата неделна добивка на 0,6 проценти. Токиската берза поради празник беше затворена.

На „Волстрит“ индексот на фјучерсите Е – mini S&P 500 се спушти за 0,15 отсто, европскиот термински индект EUROSTOKS50 забележа пад за 1 процент, а лондонскиот термински индекс „FTSE“ потона за 0,9 отсто.

Растот на бројот на новозаболени во САД, дебатата во Конгресот за новиот стимулативен пакет и информациите дека „Епл“ се соочува со истрага во повеќе сојузни држави за прашања поврзани со заштитата на потрошувачите го разнишаа расположението на берзата во Њујорк.

Па така индексот „Dow Jones“ синоќа беше заклучен во минус од 1,31 отсто, „S&P 500“ падна за 1,23, а „Nasdaq“ за 2,29 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот