Пацоли: Морина набргу ќе се врати дома

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли очекува поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, кој на 24 јули, врз основа на потерница на Интерпол беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли преку објава на својата страница на Фејсбук ирази задоволство поради вчерашната одлука на надлежниот суд во Македонија да го одбие барањето на Србија за екстрадикција на Морина.

„Среќен сум што Томор Морина ја доби првата битка на судството во Северна Македонија за одбивање на српската одлука за екстрадикција. Ние веруваме силно во професионалната работа на властите во Северна Македонија и во пријателските врски меѓу нашите две земји. Многу бргу тој ќе се врати дома, кај своето семејство и пријателите и ги повикувам сите да бидат трпеливи“, напиша Пацоли.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК во Србија. Воедно, на Морина му е продолжен притворот до правосилноста на ова решение, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот