Пацоли: Лажат лидерите кои велат дека не ја укинуваат таксата

Индексонлајн

Вршителот на должноста министер за Надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, го коментираше прашањето за таксата на српските производи, одлука која предизвика многу реакции и кај меѓународната заедница.

Зборувајќи на Јавната дебата за изборниот процес во кој минува Косово, претседателот Алијансата за ново Косово , Беџет Пацоли изјави дека таксата првично бил соодветен чекор, но дека таа треба да се укине, јавува „Клан Косова“.

– Лидерите кои велат дека нема да ја укинат таксата, лажат. Не е добро да се измами гласачкото тело – рече Пацоли. Тој додаде: – Јас бев министер за Надворешни работи, но ми беше тешко многу затоа што не можев да одговорам на ниту едно од прашањата што беа на маса. Просто немав информација. Политиката не беше координирана.

Пацоли понатаму рече дека визите не биле либерализирани едноставно затоа што не било направено доволно. – Либерализацијата на визите зависи и од другите процеси – рече тој, пренесува „Индексонлајн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот