Пациентката која утрово се јави на Инфективна нема коронавирус

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

Министерството за здравство информира дека негативни се резултатите на корона вирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

-Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство- стои во соопштението од министерството.

Уште една пациентка со респираторна инфекција се јавила на Инфективна, патувала во Северна Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот