23.8 C
Скопје

Пациентка од Битола обвинува: Ми заборавија газа после операција и се распадна во моите органи – болницата негира

Битолчанката Виолета Толевска, за „Слободен печат“ тврди дека откако имала операција во битолската болница за цистит, отстранет и бил јајникот, а во абдоменот и била оставена газа, па повеќе од две ипол години живее во агонија.

Директорката на битолската болница, доктор Билјана Гагачовска, негира дека е можно газата да била заборавена и додава дека само во 2020 година, Толевска била прегледана во болницата каде таа раководи 97 пати.

-Јас сум во агонија, никој не сака да прифати одговорност. Никој не направи ревизија кога не беше доцна, па сега сум со страшни болки и инфекции. Веќе дојдов во состојба да ми посинуваат рацете, со распандата газа или можеби повеќе парчиња и јас сум цело време со бактериски сепси и ги губам крвните садови, висам на конец. Одговор на моите маки во болниците е тоа што ме оставаат да умрам бидејќи се веќе се распадна во мене, бидејќи лекарската фела во државните клиники под разни изговори негира дека се работи за страно тело, вели Талевска.

Во моментот кога и се јавивме, Толевска беше упатена кон болница, да направи нови испитувања, затоа што рацете и посинуваат. Таа тврди дека сите здравствени проблеми се последица на тоа што газата која била заборавена во телото се распаднала, а за тоа има и докази. Дури и кога била да се консултира со професор во Скопје за тоа зошто доживува тешки компликации после операцијата која била за цистит, тој и кажал дека навистина имало заборавено газа во нејзиното тело. Таа уште чека да биде оперирана повторно и моли некој да ја оперира, за да може да се спаси од маките.

Директорката на битолската болница, доктор Гагачовска пак, тврди дека сите инспекциски контроли за случајот се направени и не е констатиран пропуст, а прегледи се правени за случајот и во секоја можна клиника во Скопје од специјалност каква што е потребна за случајот.

-Пациентката само во 2020 година ја прегледавме 97 пати. Сите служби во државава се известени за случајот, од Министерство до инспекција. Се е преземено и поплаките се одговорени. Но таа упорно тврди дека и била заборавена газа. Не сум хирург да кажам што би се случило ако некому со години му е оставена газа, меѓутоа, сигурно немаше да стои на нозе, ни рече доктор Гагачовска.

Повеќе детали за овој случај „Слободен печат“ ќе објави во текот на попладневните часови.

Поврзани вести

ВИДЕО l Масовна тепачка во украинскиот Парламент: Се скараа пратениците од владејачката и опозициската партија

Слободен печат

Саливан: Бајден и Ердоган не се договорија за руските противвоздушни ракетни системи С-400

Слободен печат

Разни соеви на ковид-19 галопирачки се шират во Африка

Слободен печат

Македонците ќе можат слободно да патуваат во Германија: Границите ќе бидат отворени за вакцинираните лица

Слободен печат

Санкционирани 106 возачи поради пребрзо возење во Тетово и Гостивар

Слободен Печат

Маричиќ: Хрватска ја подджува земјава во стартот на преговорите за членство во ЕУ

Слободен Печат

Остави Коментар