Пациентите во штипската модуларна болница кислородот ќе го добиваат од резервоар

Инфективна амбуланта на клиника/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во штипскиот ковид – центар од денеска се става во функција нов резервоар, кој има капацитет за 20 тони течен кислород, за пациентите кои се сместени во модуларната болница.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека поради големата потрошувачка на кислородот од станицата која е со боци, а во интерес на здравјето на пациентите направиле итна набавка на резервоар и течен кислород.

-Деновиве ќе го распишеме и тендерот за редовната набавка на течен кислород, во која се предвидува набавка на 120 тони течен кислород, вели Ѓеорѓијев.

По три дена затишје, денеска штипскиот ковид – центар повторно е полн со пациенти. Модуларната болница е исполнета, а на Инфективното одделение има само три слободни кревети. Во овој ковид – центар се лекуваат 97 пациенти, од кои 41 се на постојана кислородна поддршка. Тројца пациенти од Делчево, Радовиш и Штип починаа во болнички услови.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека коронавирусот засега не се шири меѓу осудените лица. Затворскиот лекар завршил со прегледот, шестмината заразени се добра здравствена состојба, а 13 кои се во изолација поради контакт со нив немаат пројавено симптоми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот