Пациентите со пцовки и напади, лекарите исплашени за својот живот

Вербални и физички напади речиси секојдневно се случуваат по болницата, а вработените исплашени за својот живот не сакаат да работат во амбулантите, вели Иван Спировски, директор на болницата Св. Наум Охридски, каде ноќеска имаше инцидент во кој алкохолизирани пациенти физички нападнале вработени.

Еден од напаѓачите имал исекотина на раката и со придружба од други двајца дошол да побара помош. Спировски вели дека дежурните лекари веднаш пружиле помош, а од што не биле задоволни напаѓачите не може да каже.

-И порано имаше инциденти, но во последниве неколку месеци речиси секојдневно пациентите вербално ги напаѓаат лекарите. Доаѓаат со барања сакам ова, сакам тоа и кога вие објаснувате дека нема потреба од такво нешто веднаш почнуваат со пцовки и навреди. Персоналот се плаши, велат не сакам да работам во амбуланта – вели Спировски.

Прочитајте и...  Проверете дали ве има во Избирачкиот список

Во болницата има обезбедување. До четири часот обезбедувањето го покриваат вработените, а попладне и во ноќните часови има по еден човек преку агенција за обезбедување.

-Најлошо е кога доаѓаат во толпа десетина луѓе, тогаш не можете никако да ги сопрете. Размислуваме што да направи за да ја подобриме безбедноста, да се стави уште една врата или да се ангажира повеќе обезбедување. Но секако важно е да се влијае на менталитетот на луѓето, треба да сфатат дека некогаш мора да се почека за да се добие здравствена услуга, секаде во светот се чека, а од никаква помош не е тоа што ќе го навредуваат лекарот или некој друг од персоналот – вели Спировски.

Прочитајте и...  Русковска: За евентуални докази за „27 април“, ќе одлучи судот

Поради неколкуте инциденти Лекарската комора утре ќе има итна средба со министрите за здравство и за внатрешни работи  Венко Филипче и Оливер Спасовски.

Ова е четврти напад на медицински персонал изминатава недела, откако претходно во Тетово беше претепан лекар до бессознание, а во Кавадарци и Драчево беа нападнати медицински сестри.

Здравствените работници бараат поголема трпеливост кај луѓето и пациентите, но и поголема заштита од државата и построги санции за насилниците. Најстрашен беше инцидентот што се случи на Клиниката за абдоменална хирургија пред неколку години, кога роднина на пациент пукаше во лекар.

 

Прочитај повеќе

Вонредна состојба во Сан Франциско поради коронавирусот

МИА Агенција

Царовска: За 2,5 години вложени над 100 милиони евра во странските и во домашните компании

МИА

Ангеловска: Рано е да се зборува за последиците врз нашата економија од коронавирусот

Слободен печат

Каде се има заболени од коронавирусот во целиот свет (МАПА)

Слободен печат

АХВ: Максимално да се почитуваат препораките од СЗО за спречување на коронавирусот

Слободен печат

Операторите ги негираат обвинувањата од ММА за учество во „пиратство“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полнолетните граѓани на Хонгконг ќе добијат по 1.280 долари заради коронавирусот

Слободен печат

Пахор официјално го предложи Јанша за мандатар на новата словенечка влада

Слободен печат

„АНТИГРЕТА“: Германската тинејџерка Наоми Зајбт е новата миленичка на германските десничари

Слободен печат

ЕУ бара да се избегнуваат различни планови за превенција на коронавирусот

Слободен печат

Нуредини нема информации за причините за намалување на нивото на Преспанското езеро

Слободен печат

Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром за олеснето одвивање на сообраќајот

Слободен печат