Пациентите со леукемија добија терапија

Пациентите со хронична миeлоична леукемија од вчера го добиваат потребниот лек во цела кутија, а не само една лента, како што беше во изминатив период.

Од Клиниката за хематологија само кратко одговараат дека проблемот е надминат и очекуваат во текот на наредните две до три недели да заврши новиот тендер со кој ќе се обезбеди терапија за наредните две години. Лекот што сега им се дава на пациентите не е донација, велат од Клиниката.

Проблемот со недостиг на терапија за оваа група пациенти се јави по пропаднати два тендери на кои добавувачите понудиле премногу високи цени на лековите. Во Македонија, со оваа болест живееат околу 130 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот