Пациенти со ретка болест на белите дробови добија лек

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерството за здравство информира дека достапен е лекот Pirfenidon за пациентите со идиопатска белодробна фиброза (ИБФ), која спаѓа во групата на ретки болести.

„Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти. ИБФ е болест на белите дробови, со брза прогресија и е изразито тешка болест која води до прогресивен пад на функцијата на белите дробови карактеризирана со тешко дишење, чести хоспитализации и лоша прогноза. Лекот Pirfenidonot е прв избор за третман на ИБФ, ја стопира прогресијата на болеста, го намалува бројот на егзацербации и го подобрува квалитетот на живот“, се вели во соопштението од ресорното министерство.

Преку Програмата за ретки болести се обезбедени дополнителни 7 милиони денари. Ова е петти нов лек за пациентите со ретки болести набавен во последните две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот