Па, до кога со вакви ниски игри, господа од Работнички?

фото: МКФ

Тоа доаѓа само поради неразбирливата одлука на управата на нивниот противник Работнички да не дозволи слободна продажба на билети за овој натпревар.

Според МЗТ, како капак на сѐ, од КК Работнички не го испочитувале меѓусебниот договор за размена на влезници за навивачите на двата тима, па наместо 200, колку што доби Работнички од МЗТ за првата средба, денеска за аеродромскиот клуб се доставени 50 билети помалку, иако потребите на „штрковите“ во моментов се и неколкукратно поголеми од оваа бројка.

фото: мзт скопје

– Па, до кога со вакви ниски игри, господа од Работнички? До кога вашиот личен интерес ќе ви биде пред интересот на кошарката во целост? Зарем не можевте да го прифатите нашиот пример за организирање финален меч, кога во саботата во „Јане Сандански“ буквално секој можеше да дојде на трибините без разлика за кој клуб навива? Секој симпатизер на вашиот клуб, надвор од групата која претходно доби 200 влезници, можеше да си купи билет на каса и да си дојде да ги бодри своите миленици. Зошто сега ваквото право им го нарушувате на нашите навивачи и симпатизери, но и на сите останати кошаркарски вљубеници во државата? Особено што натпреварот се игра во салата „Борис Трајковски“, која ги има сите услови за организирање спектакл идентичен на тој во нашата сала. Претходно „Градски парк“ ви беше алиби за вакви потези, но сега го загубивте и тој „аргумент“ – велат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Ова воедно треба да биде проблем и за КФСМ и новиот претседател Перо Антиќ, кој мора да се заинтересира за ваквиот неспортски чекор од таборот на црвено-белите. Со несфатливиот потег на управата на Работнички се руши имиџот на македонската кошарка, а тоа е нешто што тој никако не смее да го дозволи како носител на највисоката функција во макбаскетот.

– Бидејќи, ако пресметката на двата најголеми кошаркарски клуба во државата не е достапна на секој спортски вљубеник и тоа кога се игра за шампионскиот трофеј во сала со капацитет од 7.000 седишта, тогаш навистина не ни е јасно како некој воопшто може да говори или да се надева дека овој спорт во скоро време ќе се врати во европскиот врв – дополнуваат од аеродромскиот кошаркарски клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот