Означен официјалниот распад на „Битлси“, Клиф Ричард го објави првиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата

Фoto: Јутјуб/Принтскрин

На денешен ден во 1970 година е означен крај на една голема ера во музичката индустрија. Пол Мекартни официјално објави дека ја напушта ливерпулската четворка и тоа беше крајот за „Битлси“, а во продолжение прочитајте и за сите други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на 10 април…

1946 година – Роден е Влада Јанковиќ Џет, бас гитарист, пејач и еден од пионерите на рок музиката на овие простори, член на груптата „Црни Бисери“, коосновач на составот „Тунел“, а нешто подоцна и музички уредник на програмата „202 Радио Белград“.

1959 година – Излезе дебитантскиот албум на англискиот пионер на рокенролот и големата пејачка ѕвезда Клиф Ричард, под краток назив „Cliff“, Песната „Move it“ од албумот најчесто се изведува и како прва автентична англиска рокенрол песна.

1970 година – Официјалниот распад на „Битлси“. Токму на 10 април, 1970 година, седум дена пред да го објави својот прв соло албум, Пол Мекартни официјално ја извести јавноста дека го напушта бендот.

Неговото прво издание под назив „McCartney“ сепак беше само една од причините, но не и вистинската причина за оваа одлука. Пол не е првиот член на бендот кој започна со сопствени проекти. Џорџ Харисон во 1968 година објави албум со песни кои ги компонираше за филмот „Wanderwall“, а Џон Ленон кон почетокот на 1969 година, со својата сопруга Јоко Оно ја формираа концептуалната супер група „The plastic Ono band“, со која ја сними и песната „Give peace a chance“.

1983 година – Белградската група „Електрични оргазам“ во студиото Тиволи во Љубљана започна да снима песни за свој албум кој го објавија кон крајот на летото истата година под назив „The chansones popularies“. Во овој албум групата сними и обработки од неколку познати светски хитови.

1990 година – Американската хип-хоп група „Public enemy“ го објави третиот албум „Fear of a black planet“, кој стана еден од најзначајните наслови во популарната музика. Некои од истакнатите песни од ова издание се „Fight power“ и „911 is a joke“.

2005 година – Сараевската група „Лету штуке“ започна со снимањето на првиот албум во Сараево. Алумот подоцна беше оценет како едно од најдобрите изданија на годината, со низа на успешни песни како „Минимализам“, „Мјесто за двоје“, „Перо Папакодер“ и „Сунце“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот