Озил ги фрли Турците во транс: Никогаш повеќе Бундеслига, никогаш повеќе Германија

twitter/Fenerbahçe SK

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Месут Озил и официјално беше претставен како засилување за Фенербахче, клубот за кој навива од мал.

Озил по осум години во Арсенал, зимово си замина откако падна во немилост кај тренерот Микел Артета, а влезе и во војна со управата бидејќи не се согласи на намалување на платата во време на пандемијата на коронавирусот и кога сите екипи имаат големи финансиски проблеми.
Месут Озил беше најплатен фудбалер во Арсенал со неделна плата од 350.000 евра неделно.

Поради тоа Озил минатата недела се согласи да потпише за Фенербахче, тимот за кој навива од мал. Озил потпиша три и пол годишен договор за годишна плата од три милиони евра, а евентуалните бонуси можат да му донесат дополнителни 500.000 евра секоја сезона.
Месут Озил на промоцијата беше пречекан од голема група на турски новинари кои со аплауз ги поздравија најголем дел од одговорите. Тој изјави дека нема намера да игра повеќе за германската репрезентација со која триумфира на СП 2014 година.
– Кога ќе завршам една епизода, повеќе не се враќам назад. На Германија и посакувам среќа, но јас повеќе нема да игра за германската репрезентација. Тоа е дефинитивно – рече Озил и ги воодушеви турските новинари кои го аплауз ги проследија неговите зборови посебно во моментите кога зборуваше дека ја отпиша Германија од своите планови.

– Никогаш нема да се вратам во Бундеслигата. Сакам што побрзо да се појавам на теренот, но не можам да ви кажам кога точно ќе се случи тоа – рече Озил.

Поранешниот германски репрезентативец им призна на новинарите дека сонот отсекогаш му бил да го облече дресот на Фенербахче.
– Нема никакви тајни, отсекогаш сум бил навивач на Фенербахче, ги следев нивните натпревари уште од мал. Тогаш само Фенер и Бешикташ беа големи клубови во Турција, а јас сега го избрав Фенербахче – вели Озил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот