Овошје кое го поттикнува намалувањето на тежината

unsplash
unsplash

Некои диети вклучуваат овошни оброци, но притоа е важно и кое овошје ќе го одберете за да дојдете до посакувана тежина.

Секако, доколку сакате да изгубитедел од вишокот тежина, заборавете на слатките и шеќерот, барем за некое време и свртете се кон овошјето кое содржи природен шеќер. Покрај тоа, овошјето може да ви помогне да изгубите тежина, но не сите типови.

Овие овошја се сметаат за најдобар избор за секој кој што сака да ја намали тежината:

Ананас – богат со витамини и минерали, ќе ја задоволи желбата за слатки. Со грицкање на ананас, внесувате витамин Ц, манган и антиоксиданси.

Лубеница – 92 проценти од лубеницата е вода. Покрај тоа, таа содржи ликопен, антиоксиданс што може да ги заштити мажите од рак на простата.

Грејпфрут – не топи масни наслаги како што се верува, но брзо ќе ве засити.

Круша – Една круша содржи шест грама влакна. Тоа ја прави одличен извор на калиум, важен минерал за активни мускули.

Авокадо – технички гледано, авокадото е овошје, и содржи здрави масти кои обезбедуваат ситост, како и витамин Е и калиум.

Боровинки – одличен извор на влакна, а притоа  се лесни за конзумирање, бидејќи не треба да се чистат или сецкаат.

Малини – содржат растителни влакна и одлично одат во комбинација на ореви или путер од кикирики, кои се извор на протеини.

Јагоди – нискокалорични и богати со хранливи состојки, ги прави идеална состојка во секое мени, особено за оние кои сакаат да ослабат и да ја задоволат желбата за слатки.

Портокали – имаат многу витамини и малку калории, а притоа ќе ве освежат и заситат.

Јаболко – ако сакате да искористите максимум од јаболко, не ја лупете кожата. Кожата од јаболко содржи најмногу влакна, а ова овошје има и многу протеини.

Манго – нискокалорично, богато со растителни влакна, витамин Ц и фолати. Ако не ви се допаѓа вкусот на свежо манго, направете вкусно смуди од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот