Овој рецепт го користат и манекенките: Рамен стомак за само три дена

Рамен стомак и совршено тело се сон на секоја жена, а за да го остварите, постои природен рецепт кој ќе ви помогне, а го користат и многу манекенки.

Овој оброк се јаде само три дена по ред, а ќе направи вистинско чудо за вашиот стомак и одвнатре и однадвор.

Состојки:
Зелка
Цвекло
Морков
Сок од лимон
Маслиново масло

Подготовка:
Изрендајте ги зелката, цвеклото и морковот во размер 3:1:1. Додајте зачини по желба (магдонос, целер), измешајте го зеленчукот, исцедете ја течноста и прелијте ја салатата со сок од еден лимон. Додајте неколку капки маслиново масло.

Важно е во салатата да не додавате сол или некои други додатоци.

Консумација:
Јадете го овој вкусен оброк 3 часа пред спиење и за три дена ќе ги видите резултатите.

Салатата можете да ја јадете и повеќе денови, но по 7 дена направете пауза.

Освен што ќе ослабете, оваа салата ќе ги отстрани сите наслаги и сите отрови од вашите црева, нема да чувствувате надуеност и ќе ви се подобри работата на цревата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот