Овој рецепт ќе ви стане омилен: Од сиромашен ручек  до врвен специјалитет

Фото: Профимедиа

Компирите се една од најчестите намирници во нашата кујна, се користат како прилог, главно јадење, предјадење или како основа за многу супи и чорби.

Понекогаш истите јадења може да се подготват на малку поинаков начин, со неколку нови зачини и трикови и со тоа да станат ново јадење на вашата трпеза.

Компирите подготвени со пченкарно брашно и свежи зачини ќе ви станат омилен домашен специјалитет.

Состојки:

– 1 килограм компири
– 2 лажици пченкарно брашно
– 2 лажици пченкарен гриз
– 1 лажица лута мелена пиперка
– 2 лажички сув зачин од билки
– 1 лажичка лук во прав
– свеж босилек, свежо нане, свеж магдонос, свеж рузмарин
– масло

Подготовка:

Компирите исчистете ги, измијте ги, исушете ги и исечете ги на четвртини. Во подлабок сад измешајте го пченкарното брашно, пченкарниот гриз и лутата мелена пиперка (кој не сака лута, нека стави слатка пиперка). Додадете го зачинот од билки и лукот во прав, па соединете.

Што се однесува до зачинот од билки количината не е одредена (но повеќе е подобро). Можете да додадете и некои свои зачини. Ситно исечкајте ги и дададете ги во смесата, па измешајте.

Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени. Компирите ставете ги во подлабока вангла па преку нив сипете го брашното со состојките. Добро измешајте ги компирите и зачинетото брашно.

Дното на плехот, во кој ќе се печат компирите, обложете го со хартија за печење. Сипете 3-4 лажици масло на хартијата. Наредете ги компирите да бидат во еден ред. Преку компирите, исто така, попрскајте 3-4 лажици масло, па ставете ги компирите да се печат 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот