Овој пост ја разбесни цела Австралија: Жена ја продава залихата на тоалетна хартија со двојно повисока цена!

Фото: Профимедиа

Една мајка од Морајфилд, Австралија, објави дека продава 21 пакувања со 18 ролни тоалетна хартија, која се продава за 5 долари во маркетите, со двојно поголема цена.

Една австралијка стана мета на бесни коментари од граѓани, откако се обиде да продаде 378 ролни „вишок“ тоалетна хартија на Фејсбук, за која вели дека „повеќе не и е потребна“.

Продавниците и супермаркетите забележаа дека клиентите масовно купуваат тоалетна хартија, па ги обвинија мештаните за панично пазарење за време на кризата со коронавирусот.

Некои трговци на мало започнаа да поставуваат ограничувања на голем број основни намирници, што секој клиент може да ги купи, вклучувајќи тоалетна хартија, тестенини и конзервирана храна.

Со оглед на тоа што притисокот врз супермаркетите се намалува на многу места, некои купувачи сакаат да се ослободат од непотребните резерви.

Една мајка од Морајфилд, Австралија, објави дека продава 21 пакувања со 18 ролни тоалетна хартија, која се продава за 5 долари во маркетите, со двојно поголема цена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот