Фото Andrey Starostin / Alamy / Profimedia

Овој овошен напиток може да ги ублажи непријатните симптоми на болести на цревата

Концентрираниот облик на сок од вишни може да помогне во ублажување на симптомите на цревни заболувања, покажува нова студија. Научниците откриле дека само две чаши дневно од сокот од вишни од сортата Монтморенси можат значително да ги намалат стомачните грчеви и дијареата кај луѓето кои страдаат од улцерозен колитис. Научниците од два универзитета, Хертфордшир и Централен Ланкашир, им давале на пациентите концентриран сок од вишни во текот на шест недели, заедно со стандардната терапија за воспалителни заболувања на цревата, пишува „Живим“.

Пациентите кои учествувале во студијата имале 9 отсто подобрување на квалитетот на живот поврзан со нивната здравствена состојба додека го консумирале овој додаток. Исто така, било забележано 40 отсто намалување на улцерациите во цревата кај заболените. Експертите велат дека ова пијалак може да биде од голема корист за пациентите со оваа болест, но предупредуваат дека може да биде исклучително скапо. Имено, едно шише сок од вишни Монтморенси, кое содржи доза за два дена, чини околу 14 фунти (кај нас е пронајдено по цена од 32 евра).

Во Европа, преваленцијата на улцерозниот колитис се движи од 2,4 до 294 заболени на 100.000 лица, а се проценува дека во Хрватска од воспалителни заболувања на цревата страдаат околу 5.000 лица. Се смета дека оваа хронична болест се развива кога имунолошкиот систем почнува да ги напаѓа цревата. Постојат многу ефикасни лекови кои можат да ги држат симптомите под контрола, но болеста не може да се излечи.

„Иако сокот од вишни не може да ги замени лековите, нашето откритие дава надеж дека тој може да се користи заедно со фармаколошката терапија за да се подобри квалитетот на живот на заболените, да се намалат симптомите, а можеби дури и да се одложи потребата за идна интензивна медицинска нега или хируршки зафат“, изјави за „Дејли мејл“ соавторката на споменатата студија, професорката Линдзи Боттомс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот