Овој холивудски пар не ги мие децата со сапун

мила кунис ештон качер
ФОТО: ЕPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Мила Кунис и Ештон Качер имаат две деца, ќерка Вајат Изабел (6) и син Димитри Портвуд (4). Тие во нивното последно појавување на подкастот „Armchair Expert“ изјавија дека не ги капат своите деца со сапун секој ден.

Темата се разгори кога водителите Дакс Шепард и Моника Падман започнаа да разговараат за тоа колку често се тушираат. Кога Шепард инсистираше дека Падман „не треба да се ослободува од природното масло на кожата, миејќи ја со сапун секој ден“ и наместо тоа треба да ја мие само со вода, Кунис и Качер се согласија.

„Не можам да верувам дека сум малцинство тука во миењето на целото тело под туш. Кој те научи да не се миеш?“, Падман праша, на што Кунис одговори: „Немав топла вода кога растев, па и онака не се туширав многу. Но, кога добив деца, исто така, не ги капев секој ден“, продолжи актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dax Shepard (@daxshepard)

Шепард тогаш рече дека тој и сопругата Кристен Бел ги капеле ќерките Линколн (8) и Делта (6) секој ден како „дел од ноќната рутина“, но престанале кога децата пораснале.

„Така се чувствуваме кон нашите деца“, вели Кунис. „Еве што е работата: Ако можете да ја видите нечистотијата на нив, исчистете ги. Инаку, нема смисла“, се надоврза Качер, шегувајќи се. Што се однесува до нивните сопствени навики за туширање, Кунис и Качер и на подкастот рекоа дека се воздржуваат од користење сапун на целото тело секој ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guacamouly 🥑 (@guacamouly)

„Секој ден ги мијам пазувите и меѓуножјето и ништо друго“, рече Качер за неговата употреба на сапун. Иако капење со сапун не е секојдневна појава во нивното домаќинство, парот навистина верува во миење на лицето секој ден. „Знам да фрлам вода на лицето по тренинг за да ја измијам солта“, призна Качер. А, Мила вели: „Јас го мијам лицето двапати на ден“.

Извор: „People“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот