Овој гол на Пјаниќ е хит меѓу навивачите на Барса (ВИДЕО)

фото: твитер

Уште пред 10 години босанскиот интернационалец го привлече вниманието на каталонскиот клуб.

Миралем Пјаниќ вчера и официјално стана играч на Барселона, после четири години одлучи да ја напушти екипата на Јувентус.

После завршувањето на тековната сезона, Босанецот ќе им се придружи на своите тимски колеги од „Камп Ноу“.

Има навивачи на каталонскиот гигант кои не се радуваат толку многу на овој трансфер и сметаат дека не требаше така лесно Барса да се ослободи од Артур кој неодамна наполни 23 години.

Но, од друга страна има и фанови кои даваат позитивни коментари, на социјалните мрежи хит стана посебно еден погодок на Пјаниќ.

Секако, станува збор за гол кој го постигне против најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид, во рамките од Лигата на шампионите. Со тој погодок Лион тогаш го исфрли Реал од натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот