ВИДЕО | Овој еротски филм ги шокираше Југословенките: Како Швеѓанките ја донесоа сексуалната револуција во Југославија

Фото: Yugopapir

Август 1969 година, на телевизиските екрани низ Југославија тогаш за првпат се појави гола жена. Првиот филм на шведскиот режисер Арне Матсон кој Југославија го гледаше по ослободувањето се викаше „Играше само едно лето“.

Фото: Yugopapir

Неговиот филм „Ан и Ева“ од 1970 година е снимен во Југославија, а во него учествуваат и југословенски глумци.

Постара Швеѓанка, по професија филмска критичарка, во Југославија ја донесува својата млада пријателка. Девојката по враќањето во Шведска треба да се омажи и затоа постарата Швеѓанка и ја сервира својата голема филозофска мисла – пред венчавката треба да ги вкуси сите сласти на сексуалниот живот. Девојката се согласува.

Така на Истарскиот брег почнуваат нивните сексуални оргии. Девојката оди од рака во рака. Се подава на кого ќе стигне. Се радуваат вратарите, рибарите, возџачите, туристите…

„И замислете, главната глумица Мари Лиједахл не само што е цело време гола пред камерата, туку така се шета и пред членовите на екипата и после снимањето. Режисерот ми призна дека поради нејзиното слободно однесување дошло и до неколку инциденти“, раскажал белградскиот режисер Владан Слијепчевиќ.

Фото: Yugopapir

Одбила да глуми

„Требаше да заведам еден човек. Потоа камерата нè снима во кревет. Крупно, рака која зема кујнски нож, мојата рака!“, раскажува Миља Вујановиќ, југословенската глумица која одбила улога во филмот на Матсон, „Ан и Ева“.

„Раката на девојката го забива ножот во грбот на човекот кој лежи до неа. Крвта се слева низ нејзиното лице, се гледа како телото на мажот одеднаш омлитавува.“

Божидарка Фраит, загребска глумица, ја прифатила таа улога.

„Меѓу десетте жени кои беа кандидатки за таа улога, победив јас. Знаејќи за реномето и уметничката работа на Матсон, ми беше јасно дека со разговор со него ќе дојдам до саканите резултати, односно, како што вели мојата колешка Миља Вујановиќ, ќе ја избегнам „морбидната сцена“ или ќе ја дигнам на уметничко ниво, што е целта на овој, да го наречам уметнички филм.“

За три дена 10.000 долари

И југословенската глумица Оливера Вучо добила улога во филмот, но и таа одбила да го снима тоа што конкретно го пишувало во сценариото.

„После мојот успешен концерт на завршната вечер на фестивалот во Кан, познатата американска куќа „United Artists“ се заинтересира за мене и како глумица и како пејачка. Тогаш му поставија услов на шведскиот продуцент – ако сака „United Artists“ да го откупи „Ан и Ева“ за американскиот пазар, мора мене да ме ангажираат да пејам и да глумам. Ете како за само три дена снимање добив 10.000 долари. Што се однесува до мојата улога, ја изменив, секако во соработка со Матсон. Признавам дека се исплашив. Но го сменивме ликот на лезбејката во лик на пејачка на цигански песни. Таа, да бидам прецизна, остана лезбејка, но тоа се гледа само по надворешните знаци, никако по директниот контакт со други жени“ – изјавила тогаш Вучо.

Симон де Бовоар: Феминистката која му напиша 112 писма на својот љубовник

Најоригинална: Агата Кристи на генијален начин му се одмаздила на сопругот прељубник

Животна приказна на Алберт Ајнштајн: Имал проблеми со дислексија, семејството го сметало за бавен, а учителот тврдел дека од него ништо нема да биде!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот