Овој човек ТВРДИ: Наскоро ќе се случи нешто СТРАШНО

Фото: Casper Police Department

Уапсен човек на полицајците им кажал дека вонземјани доаѓаат на Земјата следната година и дека треба што побрзо да побегнеме, пренесува еспресо.рс.

Покасно изјавил дека е телепортиран во погрешна година.

– Дојдов од 2048. година за да ве предупредам за доаѓањето на вонземјаните – објаснил мажот откако е приведен заради конзумирање на алкохол.

Тој бил уапсен бидејќи малтретирал жители во пијана состојба. Од полиција соопштиле дека смрдел на алкохол и дека зборувал неразбирливо.

Во полицискиот извештај наведуваат дека не навел точен датум или време кога вонземјаните би пристигнале. Одбил да разговара со доктори и барал да го одведат кај градоначалникот. Тврдел дека може да патува низ времето, бидејќи истите тие вонземјани го опијаниле, а во оваа година завршил по грешка – требал да стигне една година покасно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот