ОВОЈ ЧОВЕК Е „СУПЕРНОСИТЕЛ“ НА КОРОНАВИРУСОТ: Болен бил додека скијал и патувал со авион, еве колку луѓе заразил (ВИДЕО)

Бизнисмен од Англија, 53-годишниот Стив Волш, кој е заразен со коронавирусот би можел да ја прошири болеста од Кина во Европа поради своите патувања, соопшти денеска британската Национална здравствена служба.

Тој се смета за прв „суперносител” на болеста, односно лице кое заразило значително поголем број луѓе од очекуваното.

Волш дошол во контакт со коронавирусот по службеното патување во Сингапур во јануари, по што заминал на Француските Алпи, каде можел да зарази други луѓе со вирусот, пред да му биде утврдена болеста и е хоспитализиран.

Меѓу лицата, кои веројатно ги заразил, се петмина државјани на Велика Британија, кои биле заедно со него во Франција, меѓу кои е и едно девет годишно момче.

Уште едно лице кое е заразено на Алпите е маж, кој по зимскиот одмор се вратил на Мајорка.

Поради Волш, француските власти тестирале уште 61 лице меѓу кои се деца и членови на семејства кои се наоѓале во одморалиштето во истиот период кога и британскиот бизнисмен.

Скај њуз наведува дека Волш со коронавирус заразил 11 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот