Овој чистач на прозори доживеа преслатка неочекувана средба! (ВИДЕО)

Златниот ретривер Арни живее во стан во Њујорк и поминува многу време гледајќи низ прозорецот. Неодамна тој се сретна со чистачот на прозорци, а снимката од нивната средба стана вирална.

Имено, во станот на Арни дошол чистачот на прозорци, а ова куче било среќно за посетителот. Арни веднаш ја грабнал првата играчка и почнал гордо да ја покажува и мавта со опашката.

Човекот сфатил дека кучето е воодушевено, затоа го поздравил и продолжил да работи.

Видеото е објавено на Инстаграм профилот на ова весело куче, а го објави и чистачот на прозорци.

„Еј, тоа сум јас! Благодарам за снимката, кучето е одлично“, рекол човекот по име Рафаел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот