ОВОЈ БИЛБОРД во Словенија многу ги НАЛУТИ Србите

Бибордите кои низ Словенија за прославата на Денот на независноста 25 Јуни ги постави партијата чиј лидер е Јанез Јанша предизвикаа реакции во регионот. Особено во Србија каде социјалните мрежи се преплавени со остри коментари.

На еден од билбордите се гледа како војник на ЈНА е со рацете во вис, односно се предава. Фотографијата ги отсликува воените дејствија во Словенија на почетокот на распадот на Југославија, а под неа е напишано, „25 Јуни, Ден на државноста, честитаме“.

Референдумот за независност на Словенија беше одржан на 23 декември 1990. На 27 јуни 1991 започна десетдневниот судир со ЈНА. Армијата на поранешна Југославија не сакаше да дозволи ваков развој на настаните. На чело на словенечките сили беа Јанез Јанша и Игор Бачвар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот