Овој американски „Вози Мишко“ се закачи во жиците на бандера, како – сите се чудат (ФОТО)

Фото: Twitter

Минувачите во Портланд, во сојузната американска држава Орегон, едно утро имале можност да присуствуваат на бизарна глетка.

Возачот на еден Форд пикап камионет своето возило успеал да го преврти во воздух и да се зачука  во жици од далновод каде возилото му останало да виси.

Не е познато како му успеало на овој „генијалец“ да го направи ова, но слободно може да се каже дека непознатиот јунак имал повеќе среќа од памет. Полицијата јавува дека сообраќајката поминала без повредени.

Според објавите на социјалните мрежи вака „средениот“ па „обесен“ го средил возач кој седнал зад воланот пијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот