Овие знаци ви покажуваат дека не пиете доволно вода и можно е дехидрирање!

Сите знаеме колку е важна водата. Редовното пиење на вода има бројни предности, а одржувањето на здравјето на бубрезите, кожата, мозокот и дигестивниот систем се само некои од нив.

Во летните месеци, кога температурите се повисоки, водата е исклучително важна, а доколку не ја внесете во доволно количини, телото јасно ќе ви го покаже тоа.

„Преку лето телото со потење и дишење губи повеќе течности и го зголемува ризикот од дехидрација. Најчест показател за недостаток на вода е жедта, а може да се појават и главоболки, замор, сува уста и мачнини“, вели д-р Кејт Гримс за Метро.

Знаци кои укажуваат на тоа дека пиете премалку вода:

жед
главоболка
мокрача со темно жолта боја или јак мирис
вртоглавица
мачнини
сува уста
сува кожа
лош здив
замор
проблеми со концентрација
ретко мокрење

Наведените симптоми укажуваат на блага дехидрација, но кај потешките случаи е потребно да се обратите на лекар. Тоа направете го доколку имате слаб пулс, напади, не сте мокреле цел ден, лошо ви е кога ќе станете или сте збунети и деконцентрирани. Посебно внимание е потребно кај децата и повозрасната популација, но и спортистите бидејќи кај нив ризикот од дехидратација е поголем.

Исто така, доколку сте дехидрирани, немојте одеднаш да пиете голема количина на вода, туку земајте помали голтки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот