Овие земји на ЕУ забранија летови од Велика Британија поради новиот вид на коронавирусот

epa07864817 Passengers wait to be helped by British Embassy members after Thomas Cook airline canceling their flights at Gran Canaria Airport in Gran Canaria, Canary Islands, Spain, 23 September 2019. British passengers will repatriate through four chartered flights from the island to Great Britain. More than 600 thousand vacation reservations were canceled on 23 September, after Thomas Cook ceased to operate. According to media reports, the company's collapse will see Britain's largest peace time repatriation take place to get stranded customers home. EPA-EFE/Quique Curbelo

Неколку членки на Европската унија денеска одлучија да забранат летови од Велика Британија, додека Германија ја разгледува таа можност, во обид да спречи пренесување на нов вид на коронавирус што се шири на југот на Англија, пренесува Бета.рс.

Холандија забрани патнички летови од Велика Британија од денеска до 1 јануари, откако во таа земја е откриен нова варијанта на коронавирус, соопшти утрово холандската Влада.

Холандија забрани летови од Велика Британија поради новата варијанта на коронавирусот

Потсетувајќи дека на почетокот на декември, истата нова варијанта на вирусот беше откриена во Холандија како и во Велика Британија, владата издаде препорака на граѓаните да не патуваат, освен ако не е апсолутно потребно.

Одлуката на холандската Влада уследи еден ден откако британскиот премиер Борис Џонсон и водечките експерти објавија дека новиот сој на коронавирус е позаразен за 70 отсто од вообичаениот и објавија дека ќе се воведе повисоко ниво на антиепидемиски ограничувања во Лондон и југоистокот на Англија.

Белгија и се придружи на Холандија во забраната на летови од Велика Британија, а исто така ги прекина и железничките врски во обид да спречи новата варијанта на коронавирусот, кој се прошири во јужна Англија, да стигне до Белгија.

Премиерот Александар де Кро денеска изјави дека наредбата ќе стапи во сила на полноќ „како мерка на претпазливост”.

По Холандија, и Белгија забрани летови од Велика Британија

– Постојат многу прашања во врска со оваа мутација, која можеби стигна до континентот. Се надевам дека ќе знаеме многу повеќе до вторник, рече Де Кро.

Холандија веќе забрани летови од Велика Британија најмалку до крајот на годината.

Италија, исто така, планира да ги прекине летовите од и кон Велика Британија поради стравот од новиот вид на коронавирусот што е откриен на островот, напиша шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо на својот профил на Фејсбук.

Британскиот премиер Борис Џонсон и експертите вчера соопштија дека во земјата е идентификуван нов вид на коронавирус што е за 70 отсто позаразен од оригиналната верзија, јавија британските медиуми.

„Како влада имаме должност да ги заштитиме Италијанците, и од тие причини, откако ја известивме британската Влада, заедно со Министерството за здравство се подготвуваме да потпишеме указ за прекин на летовите од и кон Велика Британија”, напиша Ди Мајо.

„Наш приоритет е да ја заштитиме Италија и нашите сонародници”, додаде шефот на италијанската дипломатија. 

Новиот коронавирус ги исплаши Италијанците: Ќе се откажат летовите од и кон Велика Британија

Германија планира да воведе ограничувања за летовите од Велика Британија и Јужна Африка, откако двете земји информираа дека идентификувале нов вид на коронавирус, изјави претставник на германската владата во Берлин.

Британските медиуми наведуваат дека германската Влада работи на дефинирањето на нови правила за патување, како и дека е во контакт со своите партнери во ЕУ.

Новиот вид на коронавирус ја загрижи СЗО: Факт е дека има многу мутации на коронаворусот

Новиот вид на коронавирус, што се појави на југоистокот од Англија, е пронајден и во Данска, Холандија и Австралија, информира денеска техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхов.

-Новиот вид на коронавирус се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму, изјави Ван Керхов за Би-Би-Си.

Таа потврди дека новиот вид доаѓа од југоистокот на Англија.

Извор: Бета.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот