Овие промени и сами можете да ги забележите: 5 начини за рано откривање на канцер

Онколошките болести се чума на новото време. Најдобра заштита од нив е самоконтрола и редовни прегледи за рано утврдување на болеста.

1. Погледнете се внимателно

Според статистичките податоци, најчесто неоплазмите се појавуваат на кожата. Од сите забележени случаи, во 14,2% промените на кожата биле малиген меланом, еден од најагресивните тумори, пишува Дејли мејл. Меланомите не можат веднаш да се препознаат бидејќи многу личат на обичните бенки, но неоплазмата дури и визуелно се разликува од здравото ткиво. Поради тоа се препорачува систематски преглед на телото, внимателно проучување на секоја бенка како и на старечките пеги, особено на оние поновите. Поради тоа е веројатно дека ракот на кожата ќе се открие во раната фаза, кога лекувањето е најефикасно.

2 Контрола на тежината

Честопати ракот се развива во телото, а при тоа не се чувствува никаква тегоба. Може да се случи показател за појава на оваа болест на пример да биде фактот што човекот се чувстсвува постојано уморен иако доволно спие, правилно јаде и се одмара. Или без промена на навиките во исхраната, килограмите едноставно „се топат“. Во поголемиот број случаи карциномот на желудникот и на панкреасот се крие зад големо и ненадејно губење на тежината.

3. Генетски анализи

Предиспозиција за многу видови карцином е наследната карактеристика, а генетското тестирање открива мутации кои потенцијално можат да го доведат лицето во ризик од рак. Ако некој во семејството веќе имал карцином, се препорачуваат навремени анализи.

4. Мамографија

Секоја жена на возраст од 40 до 45 година мора еднаш да направи мамографија, а од 50-тата година барем еднаш во две години мора да отиде на овој преглед.

5. Рак на белите дробови

Според податоците, од оваа болест заболува секој петти пушач. Во ризична група спаѓаат оние кои престанале со пушење пред помалку од 15 години.

Постои метод кој одредува дали спаѓате во ризик од рак на белите дробови. Помножете го бројот на испушени цигари со бројот на годините кога сте пушеле, па добиениот број поделете го со 20. Ако индексот е поголем од 25, во ризичната група сте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот