Овие пет земји имаат најголеми резерви на злато во светот

Количината на злато кое богатите земји ширум светот го собраа во текот на 2018 година го достигна второто највисоко ниво досега, објави Светскиот совет за злато.

Во споредба со пред една година, националните банки купувале толку многу злато што е забележан скок од дури 74 проценти.

  1. Русија

Во изминатите шест години, Централната банка на Русија купуваше големи количини на злато. Во 2017 година, земјата ја потисна Кина од листата на петте најголеми сопственици на злато.

Минатата година, Русија стана водечки светски купувач на злато со нето купување од 651,5 метрички тони. Централната банка на Русија во февруари ги зголеми девизните резерви за 31,1 тони злато, зголемувајќи ги своите резерви од овој метал на 2.149 тони.

  1. Франција

Во Париз наводно има 2.518 тони злато, што прави околу 60 проценти од вкупните француски дезивини резерви.

Француската политичарка Марлин Ле Пен во повеќе наврати повикуваше на престанок за продажба на националното злато.

  1. Италија

Со 2.534 тони во својата каса, Италија падна на третото место меѓу најголемите „чувари“ на злато.

Таа сума претставува речиси 70 проценти од девизните резерви на земјата. Според политиката која ја усвои Централната банка, златото е најсигурната инвестиција во време на економска криза и заштита од нестабилниот американски долар.

  1. Германија

Германската „Бундесбанк“ моментално поседува 3.483 тони злато, што прави повеќе од 70 проценти од германските девизни резерви.

Банката исто така се обидува да врати околу 674 тони злато кои ги чува во централните банки на Франција и САД. Се очекува банката овој процес да го заврши до 2020 година.

  1. САД

Вашингтон најверојатно ги има најголемите светски резерви на злато од 8.407 тони. Оваа бројка сочинува повеќе од 75 проценти од националните девизни резерви.

ФЕД не беше активна во купувањето на злато како другите земји, затоа што сакаше да спречи девалвација на доларот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот