Овие намирници го подобруваат расположението: Додадете ги во својата исхрана!

Диетичарката Сузи Бурел одлучи да им помогне на сите кои имаат лошо расположение. Всушност, како што тврди таа, постојат пет намирници кои се особено корисни за енергијата.

Одлична вест е што станува збор за продукти кои се дел од медитеранската исхрана, која со години важи за најдобриот облик на исхрана, а нам ни е многу блиска.

Зеленчук со маслиново масло

Првото што Сузи го препорачува е зеленчук во сите бои со екстра вирџин маслиново масло.

„Не е важно дали е сирово, готвено или цедено, битно е многу да го јадете. Брокулата, краставиците и морковот ќе ве заштитат, па слободно јадете ги во поголеми количини кога сте на диета“, вели.

Лосос

Прочитајте и...  После цел месец соопштена е вистинската причина за смртта на легендарниот Шон Конери!

Наредната работа на списокот на оваа диетичарка е лососот кој содржи здрави масти и витамин Д. Во лососот се наоѓаат и омега-3 масни киселини кои не само што го подобруваат расположението, туку и го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви болести. Сузи советува да, доколку е можно , секој втор ден јадете 100 грама лосос.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се полни со протеини, здрави масти, селен и витамин Е. Кога и да сте лошо расположени или почувствувате дека енергијата ви паѓа, изедете јаткасти плодови, но не повеќе од една рака дневно.

Кисело тесто

Иако лебот од кисело млеко обично е поскап од обичниот, Сузи го препорачува заради здравствените придобивки што ги носи. Таа вели дека во киселината има хранливи материи кои го подобруваат расположението и здравјето на цревата. Јадењето на една парче таков леб со путер од кикиритки е рецепт за идеален почеток на денот.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за 30 ноември: Не се плашете да сонувате големи соништа, понекогаш тие се остваруваат

Банани

Бананите се познати како овошје кое содржи многу калиум и витамин Б, но имаат и добро влијание врз нивото на енергија.

„Освен тој фактор важен за менталното здравје, зелените, незрели банани имаат голем дел пробиотички влакна кои помагаат во оддржување на здрав дигестивен систем“, заклучила.

Поврзани вести

ФОТО: Според фенг – шуи ова растение може да внесе благосостојба и добра енергија во домот

Слободен Печат

Од коронавирусот почина Зоран Росоманов, зетот на легендарната Виолета Томовска

Слободен печат

Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Вргањ со зеленчук (РЕЦЕПТ)

Милена Ризовска

Џенифер Лоренс остана без својот имот кој беше опустешен од  ужасен пожар

Слободен Печат

ВИДЕО+ФОТО | Белата куќа во празнично руво: Меланија Трамп е подготвена за последниот Божиќ, како прва дама!

Слободен Печат

Били Ајлиш откри како карантинот влијаел на нејзината креативност и создавање нова музика

Слободен Печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian