Овие машки ѕвезди се горди феминисти – „Не може само жените да зборуваат за жените“

вил смит крис еванс даниел редклиф феминизам крис хемсворт

Иако постои некое општествено премолчено правило дека мажите не треба да се декларираат како феминисти, дали од патријархални причини или од новиот бран на радикален феминизам кој ги дистанцира истите од идеологијата, овие храбри ѕвезди го предводат патот кон јавно изразување на еднаквоста во рамки на патријархалниот општествен систем. 

Крис Еванс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Evans (@chrisevans)

Додека Крис Еванс е најпознат по улогата на Капетан Америка во универзумот на суперхерои на „Марвел“, во вистинскиот живот е вистински „сојузник“ на жените. „Најтешкото нешто со кое треба да се помириме е дека само затоа што имате добри намери, не значи дека треба да имате глас“, изјавил тој за „The New York Times“ во март 2018 година. Еванс научил дека слушањето на женските искуства среде подемот на движењето „#MeToo“ и читањето феминистичка литература е моќен начин да се покаже поддршка, пренесува „Us Weekly“.

Рајан Гослинг

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Gosling (@ryangoslinguk)

Гослинг, кој е татко на две девојчиња, ги споделил своите размислувања за феминизмот во интервју за „Evening Standard“ во јуни 2016 година. „Дојде времето за нас мажите да го извлечеме подебелиот крај од стапот. Пораснав со жени, па отсекогаш сум бил свесен за ситуацијата“, вели тој. „Мислам дека жените се подобри од мажите. Тие се посилни, поеволуирани. Може да го заклучите тоа особено кога имате ќерки и ги гледате нивните рани фази во кои се понапредни од момчињата“.

Принцот Хари

„Иако уникатните предизвици со кои се соочуваат жените не е тема за која сум зборувал многу во минатото, мислам дека е важно да признаам нешто што ми стана очигледно и веќе им е познато на сите во оваа просторија“, рече принцот при посета на Непал во март 2016 година. „Постојат премногу пречки помеѓу жените и можностите што ги заслужуваат. Многу земји се трудат да ги заштитат можностите на младите жени и девојчиња на начин на кој тие се залагаат за можностите на момчињата. Верувам дека е од клучно значење за мажи како мене да го признаат ова гласно и отворено како луѓето што водат со пример-претседателот Бандари, американската прва дама Мишел Обама и активисти како Малала. Не може само жените да зборуваат за жените“.

Хари Стајлс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hg <3 (@hrryscalm)

Стајлс кој се декларира како феминист подолго време и бил виден со маица „Жените се попаметни“ во април 2017 за „Rolling Stone“ изјавил – „Нашите идни докторки, адвокатки, мајки, претседателки – тие го одржуваат светот“.

Вил Смит

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Вил Смит не е обичен татко, тој е кул татко. „Јас и Џејда ѝ дозволивме на Вилоу сама да си ја скрати косата“, рекол Смит за „Parade“ во мај 2012 година. „Кога имате мало девојче, како да ја научите дека имате контрола над нејзиното тело? Ако ја научам дека јас одлучувам дали може да ја допре косата, во иднина ќе ме замени со некој друг човек. Мора да биде господарка на своето тело. Бидејќи, кога таа ќе замине во светот, ќе има контрола врз себеси. Ќе биде навикната сама да ги носи тие одлуки“.

Крис Хемсворт

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)

„О, да, секако. Јас сум феминист. Мајка ми е голема феминистка. Мислам дека моите ставови за работите, што се однесува до мојата почит кон жените и така натаму, потекнуваат од мајка ми“, изјавил актерот за „Radio Times“ во март 2016 година. „Татко ми исто така, има многу балансиран став со почит за многу работи. Тие беа огромно позитивно влијание во мојот живот. Мислам дека рамнотежата е нарушена долго време во услуга на мажите“.

Даниел Редклиф

„Знам дека ова е голем момент за феминизмот и фантастично е што разговараме за тоа и се дискутира за тоа, но исто така… Претпоставувам дека одредени луѓе сакаат да се декларирате како феминист“, изјавил Редклиф за „Just Jared“ во ноември 2014 година. „Секако дека сум. Јас сум егалитарец, размислувам за сè и за сите. Но, да, смешно е што се претпоставува дека не си феминист додека не кажеш дека си? Но, тоа е веројатно вина на мажите. Мора да се потрудиме повеќе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот