Овие луѓе веќе не се милијардери, туку само мултимилионери

Поради различни причини, од нестабилните пазари на капитал од брегзит до трговската војна во 2018 година, вкупно 247 лица веќе не се дел од клубот на милијардери, пишува „Forbes“. Тоа е најголемата бројка од 2009 година, кога во екот на кризата 355 лица станаа од милијардери во само мултимилионери.

Кина го предводи овогодинешното рангирање со најмногу опфатени милијардери или 102 лица. Индија и САД се рангираат на второто и третото место со 22 и 12, соодветно.

Намалувањето на некои од тие 247 луѓе кои веќе не се милијардери стана доста јавно. Американскиот биотехнолошки милијардер Џон Капур, кој ја основаше „Insys Therapeutics“, овој месец ќе се појави пред судот, заедно со други претставници од компанијата, поради тоа што се уценувале и подмитувале лекари за да препишуваат конкретен лек. Акциите на „Insys“ поевтинија со 20% во последната година, а оние на „Akorn“ каде Капур има 23 отсто од акциите, загубија 75% од својата вредност.

Канадскиот бизнисмен Франк Стронак е друг ексмилијардер, вмешан во судска битка, но за разлика од Капур, тој се суди со свои роднини. Стронак поднесе тужба против ќерката Белинда во октомври, тврдејќи дека таа управувала лошо со семејната компанија со седиште во Онтарио – „Stronach Group“.

Вкупно 29 лица од минатогодишното рангирање починале, вклучувајќи го и основачот на „Microsoft“, Пол Ален, кој почина во октомври. Ален, чие богатство по неговата смрт се проценуваше на 20,3 милијарди долари беше активен филантроп, а во текот на животот имаше донирано 2,5 милијарди долари во добротворни цели.

Најголема загуба меѓу рангираните од листата во оваа година милијардерите забележа Вили и Изолде Либхер, наследници на „LIebherr Group“, чие богатство во 2018 година изнесувало 7,1 милијарди долари.

Вториот најголем губитник е Тајванецот Лин Ју-Линг, чие богатство е стекнато во секторот на недвижности. Минатата година, тој раполагал со 5,8 милијарди долари.

Челната тројка на најголемите губитници се оформува со Габриел Фолкман, наследничка на компанијата за автоделови „Brose“. Минатата година, Фолкман имаше 3,6 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот