Овие избори ќе ги паметиме по жената што го изеде гласачкото ливче, вели Бојко Борисов

Бојко Борисов/фото: Olivier Matthys / AFP / Profimedia

Слабата излезност покажа тотален неуспех на оваа власт да одржи избори, апаратите за отпечатоци не функционираа, вели лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, откако вечерва беа објавени податоците од излезните анкети за парламентарните избори во Бугарија.

-Ако забележите, се повтори сценариото од претходните избори, сите социолошки агенции му дадоа водство на ГЕРБ, во последен момент ова водство почна да згаснува. Претходно за ИТН, сега за „Продолжуваме со промената. Ќе влезе во светската историја како постара жена ја брка полицијата и таа го јаде гласачкото ливче. Тие до таму го доведоа бугарскиот народ, додаде Борисов.

„Промената продолжува“ на Кирил Петков и Асен Василев, кои беа министри во преодната влада на Бугарија, освои најмногу гласови на денеска одржаните парламентарни избори со 25,7 отсто од гласови, покажуваат податоците од излезната анкета на Галуп интернешнл Балкан во 19 часот.

Според резултатите, на второ место по освоените гласови ГЕРБ-УДФ со 23,5 проценти, а на трето е БСП – 14,5 отсто.

Во новото 47. Народно собрание на Бугарија се и МРФ со 10,2 проценти од гласовите, Има таков народ на Слави Трифонов со осум отсто, Демократска Бугарија со 6,9 проценти.

Скоро четири отсто на граница за влез во новиот бугарски Парламент е популистичката и проруска партија Преродба на Костадин Костадинов освои 4,2 отсто од гласовите. Според овие податоци, коалицијата на Маја Манолова ИБГНИ останува надвор од Народното собрание со 2,2 отсто, а ВМРО на Карасимир Каракачанов има 1,2 проценти.

Излезноста, според Галуп, е 35,5 отсто, а 1,8 отсто од граѓаните ја искористиле опцијата во електронските ливчиња – „Јас никого не поддржувам”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот