Овие хороскопски знаци не знаат што со себе по раскинување

Поранешните партнери и врски оставаат траги во сечиј живот и никој не е поштеден од љубовните болки.

Но, некои хороскопски знаци се склони кон претерано идеализирање на поранешните партнери, а со тоа и тешко заборавање и преболување.

Некои од нив дури и потенцијалните партнери ги споредуваат со поранешните, а при раскинување, тие не знаат што со себе понатаму.

Еве за кого се работи:

РАК

Кога се во врска, Раковите се целосно лојални на саканата личност и се трудат да направат сè што е во нивна моќ да ја усреќат. Затоа и раскинувањата тешко им паѓаат. Тие лошо ги поднесуваат сите разделби, а не само љубовните.

ЛАВ

Лавовите не го даваат лесно своето срце, но се спремни да направат сè за онаа личност која ќе успее да го освои. Затоа и по раскинувањето со некого кого го сакале, може да поминат и години додека да стапат во нова врска. Ова повеќе се должи на нивниот страв да бидат повредени, отколку на самиот чин на раскинување.

СТРЕЛЕЦ

По природа, Стрелците се лесно заљубливи, но тешко им е да стапат во сериозна врска. Ако во нивниот живот се појави таква личност, тие безрезервно се впуштаат во љубовната игра. Но, кога ќе дојде до прекинување, стануваат многу внимателни и потоа секоја следна љубов ја споредуваат со поранешната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот