Овие хороскопски знаци имаат неверојатна фантазија и постојано сакаат да експериментираат!

Астрологијата може многу работи да ви открие за една личност, нејзините карактеристики, карактерот, но и сексуалната способност.

Експертот за секс Надија Бокоди снимила видео на Јутјуб во кое зборува за тоа кои знаци во зодијакот се сметаат за „најлуди“ и уживаат во невообичаени работи за време на сексот.


ОВЕН

Овенот е познат по својата надменост и доминација, па не е ни чудо што со часови сака да „игра“ помеѓу чаршафите. Од сите знаци, овој ќе проба било што во спалната соба. Обично уживаат во BDSM, односно потчинување на различни начини.

ЛАВ

Лавот е малку старомоден и романтичен, а тоа се гледа и во нивниот сексуален живот. Тие уживаат во „жешка акција“, а можат да станат и прилично фокусирани на тоа да го задоволат парнерот, што понекогаш се забораваат себе.

СКОРПИЈА

Скорпијата навистина може да ве изненади со неверојатните способности во сексот, авантуристични и симпатични работи. Спремни се да пробаат се во спалната, па затоа обожаваат и играчки за задоволување. Припадниците на овој знак сакаат да внесат спонтаност во сексуалниот живот.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот по природа е љубопитен што го прави одличен во креветот. Тој сака да гледа порно-филмови, бидејќи овој вид на содржина му помага да го истражи својот однос и да ги дознае своите фетиши. Секогаш се отворени да пробаат нешто ново, па може да се каже дека нивната филозофија е „се мора да се проба барем еднаш“.

ВОДОЛИЈА

Кога станува збор за интимноста, Водолиите сакаат малку да ризикуваат. Обожаваат нови искуства и сакаат да пробуваат секс на јавно место. Тие всушност сакаат да се предадат на моментот и страстите, и ја ценат секоја секунда за време на добриот сексуален однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот