Овие 10 работи не треба да ги перете во машина за садови

Иако е најлесно сe да се стави во машината за садови, без многу размислување, од друга страна, долгорочно гледано ако сакате да ги сочувате вредните парчиња некои од нив сепак би требало да ги исперете на рака.

Токму затоа, проверете што во неа никако не смее да се пере.

Дрвени садови – жешката вода и топлината делуваат разорувачки на нив и може да ги оштетат поради што за многу брзо време нема воопшто да ви бидат корисни.

Дрвени даски за сецкање – вообичаено се лепени, па ако ги изложите на висока температура и вода, со сигурност ќе се распаднат.

Преса за лук – машината за садови тоа не може добро да го испере.

Термос шолји за кафе/чај – проверете што пишува на нив и дали е дозволено да ги перете во машина за садови. Тоа може да ја уништи нивната изолација поради што таа шолја и најмногу вреди.

Метални тавчиња – за да бидат функционални, потребно е да ги премачкувате со слој од масло, а освен ако не се работи за некои големи и тврдокорни остатоци, би требало да се перат само во топла вода. Ако ги перете во машина за садови, ќе го уништите целиот процес на подмачкување.

Ренде – ако има остатоци од храна од внатрешната страна, тоа машината за садови нема да може да го испере.

Добри и остри ножеви – врелата вода може да ги отапи, а и таблетите за перење се преабразивни за острите ножеви.

Кристал – перењето во машина за садови може да ги оштети ваквите парчиња, кои може да напукнат во допир со останатите садови или пак да ја променат бојата.

Алуминиумски садови – поради перењето во машина за садови тие ќе ја променат бојата.

Стари чинии – стариот квалитетен порцелан или керамика веројатно не смее да се пере во машина за садови, но тоа е тешко да се провери. Па, ако сакате да ги сочувате, подобро е да не ризикувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот